За нас

МИСИЈА

Нашата мисија е да создадеме вредност за нашите потрошувачи преку флексибилност, брзина на испорака, интегритет и доверливост. Сакаме секој ваш контакт со Кристина ДАМИЛ да биде едно топло, безгрижно, пријатно искуство и преку взаемна почит и доверба, исполнето со задоволство.

Нашите вработени и нашата заедница се витални за нашиот успех. Ќе ги подржиме и двете со инвестиции и ресурси кои им се потребни за да просперираат.


 ВИЗИЈА

Нашата визија е да останаме верни на самите себе односна да го исполнуваме тоа што го ветуваме. Кристина ДАМИЛ ке продожи да обезбедува пристап до иновативни, квалитетни производи и овозможува брза услуга, а со самото тоа да стане преферирано решение за потребите на нашите купувачи.


ИСТОРИЈА

КРИСТИНА ДАМИЛ е трговско претпријатие кое се бави со трговија на мебел од домашно и странско производство. Иако Кристина ДАМИЛ како фирма постои од 2006 година, матичната фирма Кристина датира уште од 1989 година. Од тоа што започна како мал колонијал се родија две сестрински фирми кои одлично функционираат до ден денес. Сега Кристина ДАМИЛ може да се пофали со два салона со изложбен простор од 2000 и 3400 метри квадратни, голем магацински простор и возен парк.

Салоните се наоѓаат на излезот од Скопје во населба Ѓорче Петров и на булевар Борис Трајковски, Усје (Стаклара).